| четврток, 6 декември 2018 |

ГРАНДЕ ВАРДАР, Барса на колена, „црвено-црниот“ состав во историското финале на ЛШ

Прво па машко, екипата на Вардар ќе го игра првото историско финале во Лигата на шампионите откако во полуфиналето за фајналфорот во Келн славеше против гигантот Барселона минимална но огромна победа од 26-25.

Македонскиот клупски ракомет го оствари најголемиот успех, Вардар е финалист на Лигата на шампионите. Во мечот за титула на осмиот „фајнал-фор“ на Лигата на шампионите во ракомет утре попладне ќе играат Вардар и ПСЖ .
Сите „црвено-црни“ јунаци одиграа маестрална партија. Почнувајќи од голманот Штербик па преку ѕидот пред неговиот гол од Македа, Абутовиќ, Канељас, Борозан па се до феномеланите во нападот Иван Чупиќ, Алекс Дујшебаев и стрелецот на победоносниот гол Лука Циндриќ кој со погодок во последната секунда ги закопа надежите на каталонците“ за ново финале во Лигата на шампионите.

Овој меч не е вредно да се прераскажува, ваков меч Вардар го вивнува во самите европски височини, бидејќи чекајќи го историскиот фајналфор успеа уште во првиот обид да се пласира во финалето. Ваков меч вреди да се доживее да се почуствува и да се изгледа повторно.

Големиот Раул Гонзалес покажа дека е врвен стручњак. Ја подигна формата на играчите на најсвисоко ниво. Полека но сигурно го градеше составот, доведе беспрекорни и прекалени борци во составот со „милион“ големи натпревари зад себе. Иван Чупиќ од европски шампион минатата година, дојде во Вардар на почетокот на сезоната и одигра најдобро кога е најпотребно. Седум од седум зад неговото име, маестрален од линијата од седум метри. Ги излудуваше и Перес де Варгас и Борко Ристовски.

Натпреварот беше тесен во текот на сите 60 минути. Барселона мислеше дека како и секогаш до сега, лесно ќе се справи со Вардар поведе и со три разлика, но хероите од Скопје го имаа не потклекнаа и ја играа својата игра. Смиреност, разноврсност во нападот, црвстина во одбраната, победата е на сите буквално, од прв од последен.

Желбата беше огромна и затоа вардарци го оставија срцето на терен. Одиграа како вистински мускетари. Еден за сите – сите за еден. Подршката од трибините не изостануваше во ниту еден момент.

Искуството си го направи своето. Чупиќ и Дујшебаев беа најефикасни кај Вардар со по седум голови, а Барселона може да жали за Кире Лазаров кој ја презема целата одговорност особено во последните десет минути и недозволуваше Вардар и порано да се радува на победата. Беше стрелец на шест гола од кои дури пет во второто полувреме.

Одличниот Перес де Варгас одбранид дури 18 топки, но тие беа доволни само за минимален пораз. На спротивната страна

Финалето против ПСЖ вардаровите херои ќе го играат утре со почеток од 18 часот. Претходно во меч за третото место, Барселона ќе игра со Веспрем од 15.15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top