Македонскиот ракометен репрезентативец и член на германскиот Рајн Некар Левен Филип Талески, е номиниран за најдобар млад среден бек на светот.
Специјализираната интернет страница за ракомет „Хендбол планет“ во соработка со полската компанија за спортска опрема „Спортхироу“ ги објави 28 – те млади ракометари кои се номинирани за најдобар млад играч на секоја позиции.
На позицијата среден бек на нашиот Талески ќе му конкурираат Сагосен од Алборг, Друкс од Фуксе Берлин и Кулак од Мешков Брест. Гласањето ќе трае до 18 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.