Иако формално се уште не ја презел функцијата од својот претходник Никола Тодоров, министерот за здравство Арбен Таравари, кој со богатата биографија ги доби симпатиите и поддршката и на ВМРО-ДПМНЕ, со првата изјава го покажа правото лице и намерата со која доаѓа на функцијата.
Никакви реформи, професионални стандарди или грижа за здравството во Македонија – функцијата на Таравари ќе биде спроведување реформи преку укинување работни места, подгревање национализам и реваншизам.
При вчерашната посета на Клиничката болница во Тетово Таравари прво што направи се пофали дека ќе ја укине работната позиција економски директор, а нивната функција би можело да ја извршува „некој од сметководството“. „Некој од сметководството“ е доволен сигнал дека нема да стане збор за професионализирање на работата, а укинувањето позиција е само чекор назад во работата на клиниките. Секако, како што почнуваат сите политички, а не професионални, ангажмани, Таравари најави „вработување на нови кадри кои недостасуваат низ болниците“, а истакна дека
ќе ја зголеми платата на лекарите за 20-30%, но притоа не објасни како планирад а го спроведе тоа, но затоа не заборави да каже дека ќе ги укине капитациите и плаќањето по учинок, реформа која ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ, а која требаше да резултира со поголем ангажман на лекарите кон пациентите и поквалитетни здравствени услуги.
Таравари рече дека со неговиот тим ќе работи на подобрување на односот меѓу лекарите и пациентите кој бил нарушен и непријателски, а кулминира со нападот на поранешниот прв доктор во државата и министер за здравство Никола Тодоров.
Таравари не покажува политичка здрелост уште неседнат во министерската фотелја. Тој не отишол со новиот владин кабиент на прием кај претседателот на Македонија, затоа што за него Иванов бил виновен за немилите настани во македонското собрание, а не незаконскиот избор на Џафери за претседател на Собранието и гневото на народот што го предизвикаа со узурпирање на власта.
На крајот, Таравари најави бркање од работа преку превезот на департизација на здравството. Уште пред да ја преземе функцијата Таравари почна да дава политички изјави дека во работата на претходникот имало нешто матно. Иако немал увид во работата што ја наследува, Таравари знае дека „имало матни работи“. Дали знае како се работело пред него или знае што треба да каже како што му налага политичкиот реваншизам?
Дали Таравари знае колку матно има во чајџилниците во кои се форографира, а да не зборуваме за борделите во Гостиварско и Струшко?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.