| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Задоцнивте со грижата за земјоделците, наместо да ги зголемите, вие ги намалувате субвенциите

СДСМ на големо ветува ставка на субвенции за набавка на земјоделска механизација кои ќе се даваат од 30% до 50% поддршка за земјоделците. Но, ова веќе постои и се применува и под подобри услови и повисоки износи, потсетува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на Фејсбук.

„Сега се загарантирани 50% за субвенции за набавка на земјоделска механизација, односно 55% за млади земјоделци, за земјоделци од неразвиени подрачја е 60% поддршка, а за жени земјоделци 65%. А во најновата програма “Реално” предвидовме почетната основа да биде 60% поддршка.

Со предлогот на СДСМ значи дека практично поддршката на земјоделците за набавка на земјоделска механизација ќе се намали од сегашните почетни 50% на почетни 30%, како што предлагаат. Она што е дилема, дали воопшто направиле анализа на актуелните политики или пак свесно одат со ретроградно намалување на поволностите за земјоделците. Наместо политика на зголемување, политика на кратење“, констатира тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top