Силно невреме го зафати Скопје вечерва. Пороен дожд, силни грмотевици и секако поплавени улици. Центарот на Скопје е под вода. По улиците се слеваат реки вода, а ништо подобра не е ситуацијата ниту во другите скопски населби.
Удари на гром во некои делови од главниот град ја прекинаа електричната енергија, а невремето го зголемува интензитетот.
Засега нема информации за поголеми штети од поплави што ги предизвикал вечерашниот пороен дожд.
„Северните делови од земјава се зафатени од нестабилна воздушна маса, а најинтензивни процеси според радарските слики има во југозападниот и источниот дел од Скопската котлина, каде има пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Интензивни процеси има и во Кумановско и во Кривопаланечко“, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Метеоролозите најавуваат дека и наредните денови ќе има дожд, засилен ветер и електични празнења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.