| четврток, 6 декември 2018 |

Бил мета на атентатори пет пати-Путин е жив благодарение на една работа!

Во интервју на режисерот Оливер Стоун, рускиот претседател Владимир Путин рекол дека бил цел на атентати неколкупати. Стоун на Путин му рекол дека слушнал оти имало најмалку пет обиди за атентат врз рускиот претседател.

-Не се како обидите за атентат врз Фидел Кастро, кого исто така сум го интервјуирал. Мислам дека во неговиот случај беа околу 50 -изјавил Стоун.

Путин рекол дека за тоа разговарал со Кастро, а тој му рекол: „Знаеш ли зошто сум се уште жив? Путин го прашал: Зошто? А Кастро одговорил: „Затоа што секогаш лично ги решавам прашањата за мојата безбедност“ – изјавил Путин, нагласувајќи дека верува во своето обезбедување.

На констатацијата на Стоун, дека првиот чекор во подготовките за атентат е приклучување во безбедносните редови на претседателот, Путин одговорил: „Знаете ли што велат Русите? На кого му е судено да биде обесен, нема да се удави“.

На прашањето дали знае каква му е судбината, Путин рекол дека „само Господ Бог ја знае нашата судбина – и мојата и вашата“. Се разговарало и на темите за шпионирање, а Путин рекол дека руските специјални служби работат исклучиво по закон. Според него, Сноуден не ги предал американските интереси, иако не ги одобрува сите негови постапки.

-Сноуден не е измамник. Тој не ги предаде интересите на својата земја, ниту ги предаде информациите на некоја друга земја.Се што работеше, работеше јавно- изјавил Путин.

Стоун веќе две години работи на филмот „Интервју со Путин“ кој ќе почне да се прикажува на 12-ти јуни на СиБиЕс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top