Пејачката Тамара Тодевска вчера славеше роденден. Иако со пријателките го прослави предвреме во едно кафуле, вчера го одбележа со најблиските.
Заедно со сопругот Мачка и ќеркичката Хана, Тамара ги дувна свеќите на роденденската торта и моментот го овековечи со фотографија која ја прикачи на својот Фејсбук профил.
Следеа безброј честитки од нејзините пријатели и обожаватели, а Тамара под фотографијата напиша:
– Дечки, љубов, мир и среќа. Фала на честитките. Ве сакам сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.