Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека жали за одлуката на претседателот Доналд Трамп, да ги повлече САД од договорот за климатските промени, но дека ќе продолжат напорите за „зачувување на нашата планета.”
Трамп изјави Парискиот договор е лош за американските работници и администрацијата на неговиот претходник, Барак Обама, преговарала лошо. Тој притоа најави дека САД веднаш ќе го запре исполнувањето на сите необврзувачки елементи од договорот. Наедно најави дека ќе иницира нови преговори со кои сака да ја подобри позицијата на САД и да обезбеди услови што ќе бидат повеќе фер за земјата.
Но, преку заедничка изјава Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Паоло Џентилони му порачаа дека нема да има повторни преговори за договорот.
„Ние сметаме дека импулсот што беше создаден во Париз во декември 2015 година е незаменлив и затоа цврсто веруваме дека за договорот не може да се преговара одново, бидејќи тој е витален инструмент за нашата планета, за нашите општества и економии”, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


