| четврток, 6 декември 2018 |

Атентатот над Тодоров резултат на говорот на омраза од заевистичките орди

Обидот за убиство на Никола Тодоров, носител на најодговорните функции и тела на ВМРО-ДПМНЕ, како и доскорешен министер во здравството и во образованието од партијата која 11 години по ред ја добива најголемата поддршка од гласачите, не е ништо друго туку добро осмислено и подготвувано сценарио. Насилството е предолго во речникот на сета групација која со сите сили, конечно ја порази јасно изразената волја на граѓаните изразена и на последните изрежирани избори. Повиците за напади, рушење, убиства, воедно со оцрнување и етикетирање на раководните функционери на партијата на власт неминовно доведоа до оваа состојба во која, денес, се обидува да се претстави како афект нешто што е долготрајно подготвувано. Имено, неуспешниот атентатор во текот на денот на нападот не само што подолго време го чекал Тодоров да дојде во министерството, туку и претходно, според сознанијата, својата цел ја барал и дома кај Тодоров!

Но, оние кои навистина стојат зад овој чин веројатно сметаат на затапеноста на сетилата на јавноста за нивните повици за крв на улиците, шетаните крстови и мртовечки ковчези, или за желбата „Куманово да ви се случи“ упатувана кон безбедносните сили, или пак, на сновидениските написи за смртта, убиствата, погребите на Груевски, Иванов, министри, полицајци, секој политички опонент. Оттука, никого не треба да изненадува ладнокрвноста, затапените чувства за тоа што се случи, ниту пак за несфаќањето што овој чин требаше да предизвика.

Заев, Социјалдемократите, соросовите орди, следбениците на канвас, таа „затапеност“ и индокринација дека навистина таков чин би бил поздравен со овации го градат со години, без воопшто да остават ништо нечепнато во општеството. Не е толку оддамна, ниту пак не се оставени записи за тоа како Заев, откако „јадеше живи луѓе“ и повикуваше на украинско сценарио, преку телевизиско интервју порача дека не е грев ако загине политичар.

– И, ќе гинат политичари и ќе заминуваат од политика. Но гинеа нашите дедовци и татковци за оваа наша Македонија, ништо нема трагично ако политичари загинат – вели Заев пред изборите, на 7 декември во нему најблиската телевизија.

Не е само Заев тој што повикува на крв. Ова однесување кое не наиде на никаква осуда од неговите надворешни ментори, подолго време ги заземаа и социјалните медиуми, а потоа и класичните, пишаните и електронските. Па, во тоа предничеа „колумнисти“ како Тричковски, Героски кој се пофали дека поседува оружје, други партиски високи функционери, како актуелниот безресорен министер кој бара крв по улиците „за слобода“.

Професорски кадар како Калајџиев немаше проблем да рече дека „ако треба ќе паднат и жртви. Братот на Сашо Ордановски, Ванчо, не се стега да посака смрт на деца, на цели семејства.

Или пак и полициски инспектори, како Зоран Блажевски од П.С. Чаир кој јавно, без стега, поттикнуваа насилство, величејќи го прететпувањето на Тодор Петров.

Цели орди под знакот на општински организации на социјалдемократите најавуваа дека ќе палеле и ќе рушеле, како кавадаречкиот кој се силеше на Уставниот суд.

Заевите орди, без никаква стега се закануваа и кон граѓаните од За заедничка Македонија, каде што во пораките не се посакува само некого да смена, туку извира чисто зло, со тоа што некои „лично ќе се погрижеле“ за некој „Жив ќе гориш“.

Дури и пратеникот, гласноговорникот на Заев, Шилегов, среде седница на колега од ВМРО-ДПМНЕ му порача дека ќе го убие!Тука е и „прочуениот“ Мирослав Грчев, инаку универзитетски професор, кој не само што не осудува туку и поттикнува говор на омраза во најсурова смисла. Тој бил против политичката коректност, за да не ја „шминкале диктатурата“.

Никола Тодоров до сега е најдиректниот случај на напад со обид за атентат од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но за жал не е единствениот. Пред само неклку недели обид за атентат имаше и врз Антонио Милошоски, и тоа со бомба во куќата на неговите родители. Напад се случил и врз Гордана Јанкуловска, каде што настрадал нејзиниот автомобил. Сите тие се високи претставници на партијата, на чие чело, веќе подолго време, под сериозна закана е и нејзиниот лидер, Никола Груевски.

Ваквото сценарио, со поттикнување на насилство врз високите членови на партијата, не е случајно. Всушност, се поставува прашање и зошто сега, по толку минато време, ожалостениот, како се сака да се претстави, се обиде да убие?

Причината е иста со провокацијата направена во собранието со поставувањето на Талат Џафери- да се предизвика реакција, конфликт, да се распламти граѓански судир. Да се предизвика украинско сценарио, во кое ВМРО-ДПМНЕ би се оцрнило, би се изолирало и осудило од меѓународната заедница.Тоа е целта, бидејќи сите се свесни дека не само што е морален победник на изборите, поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ е се поголема со секој следен чекор кон финалето на оваа игра- смената на името и обезличувањето на македонскиот народ. Ваков „трансфер на власта“ каков што се случува не е според замислениот план, бидејќи единствен кој што може и ќе застане на остварување на тој пат се граѓаните кои одбраната на националните и државните интереси ја гледаат токму во таа партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top