| четврток, 6 декември 2018 |

77 онколози обвинети за корупција

Против 77 лекари се подигнати обвиненија поради сомневање дека фармацевтска компанија им платила пат до Индија, а за возврат барале онколозите да препорачуваат нивни лекови за пациенти заболени од рак, соопшти романското Обвинителство.

Обвинителството наведува дека таа компанија, чие име не е наведено, наводно платила на онколозите учество на конгрес за рак на дојка во Бангалоре во Индија во март 2012 година. Наместо на конгресот, лекарите биле во Њу Делхи оддалечен повеќе од 2.000 км.

Дел од лекарите биле на тоа патување со своите семејства.

Фармацевтската компанија платила 520.000 евра од кои 417.000 биле мито, тврди обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top