| четврток, 6 декември 2018 |

Србин шверцувал виолина стара еден век

Violina Bogorodica

На граничниот премин „Богородица“, царинските службеници вчера привремено, кај српски државјанин, задржале една непријавена виолина „гварнери“, откриена во автобус на релација Атина – Белград. Во нејзината внатрешност е пронајден натпис Andreus Guarnerius Fecit Gremona Fubtito Sanete Teresiae 1640 поради што е повикан експерт од Музеј во Гевгелија, кој констатирал дека се работи за виолина стара над 100 години, а за утврдување на оригиналноста и точната година на изработка е потребна дополнителна експертиза. Нејзината вредност се проценува на околу 215 илјади денари, а ја пренесувал српски државјанин, соопшти Царината.

Десет илјади евра се откриени кај македонски граѓанин на „Богородица“, а седум илјади евра на скопскиот аеродром „Александар Велики“ при личен претрес на македонски државјанин кој пристигнал со лет од Малме. 490 готови текстилни производи, откриени во два одвоени случаи, при контрола на две возила, пријавени за влез во државата, на граничниот премин „Блаце“, 351 готови текстилни производи (марами, елеци, џемпери и ремени) и 131 кг репроматеријали за текстилна индустрија (конец, патенти, кордон и памучна плетенина) откриени при контрола на фирма од Битола. Во текот на минатата недела откриени се и 3 царински измами, при што 3 македонски фирми се обиделе да избегнат увозни давачки во вкупен износ од околу 750 илјади денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top