Цариниците на пунктот Мердара спречиле криумчарење на 38,5 килограми марихуана од Косово во централна Србија. Дрогата е запленета синоќа од комбе со словенечки регистерски таблички, кое доаѓало од Косово.
43 – годишниот возач, македонски државјанин од албанска националност им рекол на цариниците дека патува за Словенија и дека има само гајба домати, неколку ќеси пиперки и малку гардероба во комбето и дека нема што да пријави.
Нервозата која возачот цело време ја покажувал ги натерала цариниците детално да го прегледаат комбето.
Цариниците од кровот и подот на возилото извадиле 64 пакети марихуана тешки 35 килограми, а потоа дрогата ја предале на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.