За првпат по 11 години истражување на балканскиот рис, тимот на Македонско еколошко друштво успеа да направи фотографија на младенче од рис. Оваа вест доаѓа откако во февруари истражувачкиот тим на Програмата за закрепнување на балканскиот рис успеа да постави ГПС околувратник на првата женка рис досега.
Како што соопштуваат од тимот, Маја, женката рис, која била обележана со ГПС „нè одведе до нејзиното дувло и таму ни го покажа најскапоцениот податок до сега – здраво младо рисче“.
Првите фотографии од младенчето балкански рис ги направил членот на мониторинг мрежата за балканскиот рис, Панајот Чоровски од Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.