| четврток, 6 декември 2018 |

„Златната петорка“ го отвори фестивалот на Југоисточна Европа во Париз

Македонскиот игран филм „Златната петорка“  во присуство на режисерот Горан Тренчовски, работен според истоимениот роман на Братислав Ташковски, ја имаше честа да го отвори седмото изданиена фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа (SEE a Paris 2017) во мискиот културен центар L’Entrepot во Париз, пред поголем број видни личности од француската и европската културна сцена. Филмот беше награден со долготраен аплауз, а трагичната приказна на младите струмички интелектуалци, која со децении беше табу тема на македонската политичка историја, прозвучи со сета своја естетска и духовна сила во Градот на светлината.

На свеченото отворање се обрати основачот и претседателот на на фестивалот Јордан Плевнеш, којшто даде акцент на овогодинешната богатата филмска програма во трите европски престолнини, Берлин, Брисел и Париз,  којашто претставува вистински подвиг во афирамцијата во кинематографиите на 15 земји од регионот на Југоисточна Европа.

Во периодот од 31 мај до 3 јуни  ќе бидат прикажани преку 40 играни, кратки и документарни филмови на трите локации во Париз: културниот центар L’Entrepot, Универзитетот INALCO, кадешто ќе се одржи и интернационалниот симпозиум на тема „Европеизација на Балканот или балканизација на Европа“, и  престижниот Le Palace, каде што ќе биде и свеченоста на доделувањето на наградите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top