| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се реконструира покривот на Спортскиот центар „Гемиџии“ во Велес

gemi

Во Спортскиот центар „Гемиџии“ во Велес ќе почне реконтрукцијата на покривот вредна над седум милиони денари. Проектот го финансираат Агенцијата за млади и спорт и Општина Велес, а изведувач е МЗТ „Инженеринг“ од Битола.

Како што изјави градоначалникот Славчо Чадиев, согласно Договорот од тендерската постапка се очекува градежните работи на објектот да бидат завршени за најмногу пет месеци, пред новата спортска сезона. ­

– Со нетрпение очекувам да се изведе реконструкцијата предвидена на околу 4.000 метри квадратни и конечно да се отстранат најлони што се поставени со години поради прокиснување на покривот, рече Чадиев.

Според директорот на МЗТ „Инженеринг“ Иван Ангелин, денеска е направен вовед во работата. ­

– Согласно нашите обврски уште веднаш почнуваме со реализација на проектот, менување на покривниот дел од спортската сала. Предвидено е работата да заврши за пет месеци, најави Ангелин.

Александар Табаков, директор на ЈП „Парк спорт“ во чиј состав е Спортскиот центар „Гемиџии“, изјави дека со зафатот ќе се реши најголемиот проблем на овој капитален спортски објект во Велес. ­

– Прокиснувањето на кровната конструкција постои речиси од самиот почеток на работа на салата. Многу сум задоволен што граѓаните конечно ќе имаат спортски објект што ќе ги задоволува сите потреби за реализација на спортски натпревари од повисока категорија, односно на спортски натпревари од повисок ранг, потенцира Табаков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top