| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен директорот на Клиниката за неврохирургија

30012016154102_majka-terza-bolnica

Вчера СВР Скопје, постапувајќи по пријава од граѓанин, а врз основа на издадена наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, како и обезбедени материјални докази дека е извршено кривично дело „примање поткуп“, го лиши слобода лицето А.Ч. (57), директор на Клиниката за неврохирургија во Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“.
 Во тек е претрес во службените простории на Клиниката со цел обезбедување дополнителни докази за стореното кривично дело. А.Ч. е задржан во полициска станица и по завршување на истражните постапки со кривична пријава ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top