СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.С. (64) од Скопје за примање поткуп.
Пријавениот во својство на болничар, вработен во ГОБ „8-ми Септември“, со намера да се стекне со противправна имотна корист, од пациент директно побарал и примил поткуп во износ од 300 евра. Пријавениот на 25 мај од 66-годишен пациент од Прилеп директно побарал 300 евра за да го стави прв на листата за чекање за оперативен зафат, а наредниот ден и ги зел парите со образложение дека истите се награда за лекарот кој требало да го изврши оперативниот зафат.
Синот на оштетениот го пријавил кривичното дело во Единицата за економски и компјутерски криминал, каде со потврда за привремено одземени предмети, му се одземени шест банкноти во апоени од по 50 евра кои се криминалистичко-техничкки обработени и фотодокументирани по што, врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство Скопје и наредба на Основен суд Скопје I-Скопје, превземени се мерки и дејствија за обезбедување на материјални докази.
На 26 мај во угостителски објект е остварена средба помегу пријавениот и синот на оштетениот на која пријавениот ги примил парите, по што било извршено негово лишување од слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.