Вратите на ексклузивниот белградски ресторан Ковач и оваа година беа ширум отворени за организација на познатата манифестација Денови на македонската традиција. Како резултат на добриот одзив од минатогодишната манифестација и големиот интерес на љубителите на македонската култура и гастрономија во српската метропола, оваа година веќе традиционалниот настан траеше дури две недели, од 8-ми до 22-ри мај.
Главен гостин, но и ко-домаќин и координатор на манифестацијата беше нашиот популарен готвач – Шеф Влатко Огненовски, кој на сите гости намерници, но и посетители на манифестација им овозможи двонеделно гурманско патување преку промоција на богатата традиционална македонска кујна и гастрономска култура.
На двонеделниот настан, проследен со забележителна медиумска помпа, при што шефот Огненовски беше претставуван како Македонскиот Џејми Оливер, исклучиво се служеа македонски специјалитети и традиционални јадења, како и македонски вина и ракија од винаријата Стоби.
”Белград, белграѓани и, воопшто, Србија, ширум ги отворија своите срца и сопствените рецептори за уникатно гастро-уживање што им го приредивме со презентација на традиционалната македонска кујна, но и преку фузија на традиционалното со модерното кулинарство. Јас сум промотор на здравата и функционална храна, а производите за неа ги наоѓам насекаде низ Македонија. Тоа е нашиот гастрономски Алшар и таа наша богата ризница ја претставувавм низ регионот и низ земјите од светот, насекаде каде што настапувам. Велам настапувам, а не само готвам, затоа што гастрономијата е шоу за сите сетила!,, вели шеф Огненовски.
Шеф Огненовски на спекакуларното отварање во ресторанот Ковач, присутните гости и бројните претставници на медиумите ги воодушеви со гастрономски подготвениот релјеф од храна, со кој што ја претстави нашата национална кујна, како своевидно кулинарско патување преку вкусовите. Деновите на македонската традиција беа збогатени со настапот и препознатливата музика на ”Љубојна,, како дополнување на гастрономското уживање. Низ двете недели на настанот, поддржан и од Амбасадата на Република Македонија во Република Србија, македонските традиционални специјалитети имаа можност да ги вкусат гостите на еминентниот белградски ресторан, меѓу кои и дипломати, политичари, преставници на бизнис естаблишментот, естрадни ѕвезди…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија