| четврток, 6 декември 2018 |

Целосно изгореа три автобуси во Скопје

Ноќва во 02.45 часот во ЕИК Скопје граѓанин пријавил дека на ул. „Радушка“, на паркинг-простор, горат три автобуси: едниот марка „МАН“ со скопски регистарски ознаки, другиот марка „БЕУЛАС“ со скопски регистарски ознаки и третиот автобус сопственост на „БУС ТРАВЕЛ“ на Т.Н. (25) од Скопје, со скопски регистарски ознаки.
На местото на настанот интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, но сите автобуси се целосно изгорени.
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
Фoтo: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top