Фудбалската федерација на Македонија од утре ќе ги пушти во продажба влезниците за пријателскиот натпревар против Турција (5. јуни) и квалифиакцискиот меч против Шпанија (11. јуни). Има билети за сечиј џеб, а ќе можат да се купат преку продажната мрежа на мктикетс и на официјалниот штанд на ФФМ во Скопје Сити Мол.
Влезниците за пријателскиот натпревар против Турција се по цена од 100, 200 и 400 денари. Мечот против Турција е на програмата на 5 јуни, со почеток во 19.45 часот.
Фудбалскиот спектакл Македонија – Шпанија од квалификациите за СП 2018 во Русија е закажан на 11. јуни во 20.45 часот. Влезниците ќе бидат во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на мктикетс и на официјалниот штанд на ФФМ во Скопје Сити Мол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.