| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете ја забранетата реклама на Памела Андерсон

Рекламата на Памела Андерсон е забранета за прикажување на телевизија бидејќи е „сексистичка“ и „ги понижува жените“. Ѕвездата на „Чуварите на плажата“ сними секси-реклама за компанијата „Крејзи домеинс“, која доделува веб-домени.
Памела глуми деловна жена, која му се обраќа на Управниот одбор полн со мажи, но додека нејзината асистентка се наведнува да ѝ каже нешто, откривајќи го деколтето, никој во просторијата повеќе не слуша што говори Памела, туку фантазира за нив две како се капат во млеко.

Надзорниот одбор за стандарди на огласувањето во Британија веќе одби четири жалби дека сцената со фантазиите е сесксистичка и дека ги понижува жените, но компанијата што стои зад рекламата демантира дека станува збор за порнографска содржина.

– Тие две се претставени како атрактивни, динамични и самоуверени деловни жени, а машкиот лик како смотанко, кој не смее да им се приближи – велат од компанијата.

Цензорската куќа „Криаркост“, која ги проверува рекламите пред нивното емитување, го одобри прикажувањето на рекламата по 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top