| четврток, 6 декември 2018 |

Серхио Рамос: Му испратив билет за финалето и на Пике

serhio ramos

Серхио Рамос како капитен на Реал Мадрид е предодреден да дава постојано изјави за медиумите како најава за големото финале во Лигата на шампионите кое се игра оваа сабота, па во текот на вчерашниот ден имаше две интервјуа во кои се обиде да одговори на големиот број прашања кои му ги поставија новинарите.

Капитенот на Реал Мадрид призна дека повеќе се изморил од давање одговори отколку од тренинзите во последните неколку дена, но Рамос не би бил Рамос доколку не се потрудеше да даде навистина специфични одговори на повеќе различни теми.

Серхио за време на гостувањето во шпанското радио „Кадена Копе“ откри дека пред извесно време му доставил специјална покана на Жерард Пике за финалето во Кардиф, но барем засега се уште нема добиено одговор дали ќе дојде.

– Му испратив билет на Пике за големото финале, но тој се уште ми нема одговорено. Не знам дали ќе дојде, тоа што го знам е дека со мене ќе дојдат 20 од моите најблиски – истакнал Рамос кој секако оваа изјава ја искористи за да го „пецне“ својот колега од репрезентацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top