| четврток, 6 декември 2018 |

Револтирани родители бараат од Жерновски да си ги исполни ветувањата

Родителите од месната заедница „Невена Георгиева - Дуња“ во Капиштец бараат исполнување на ветувањето од градоначалникот на Центар Андреј Жерновски. Загрижените родители бараат изградба на ветеното основно училиште и реконструкција на градинката во нивната населба каде што живеат околу 14.000 жители

Овие реакции дојдоа по информациите на Република, дека општинските пари Жерновски ги пренаменува за други цели.

Тие велат дека токму овие две работи биле носечки во предизборната програма на градоначалникот за оваа населба.

Родителите велат дека Жерновски по само две месеца од ветеното велел дека нема пари за овие ветени проекти, но имал за нови општински вработувања

-Голем дел од овие луѓе својот глас го дадоа не за вработувања во општина Центра, туку за изградба на основно училиште. Ние сме родители што сме засегнати и чиишто деца секојдневно поминуваат во два најфреквентни булевари во оваа општин за да стигнат до своите училишта. Затоа апелирам и ве молам да соберете сили и да си го одржите вашето ветување – изјави Моника Сиљановска, мајка на три малолетни деца.

Овие родители се прашуваат зошто и Јани Макрадули, кој живее во истата населба, не дошол да ги поддржи бидејќи претходно, кога Жерновски го дал своето ветување за изградба на училиште, кое нема да се реализира, рекол дека тоа е одличен проект затоа што и неговото дете ќе учи во училиштето.

Со голем револт родителите в петок, со почеток во 13 часот, ќе одржат протест птед општина Центар. Ги повикуваат да им се придружат сите жители на Капиштец што се засегнати од оваа проблематика, но и сите жители од Центар.

Имено, сомнителна е изјавата на градоначалникот Жерновски дека општинската каса е празна и дека нема пари за ветените проекти. Жерновски се откажува од подобри образовни услови за децата за сметка на нови вработување и распишување јавни набавки.

Постои сериозен основ за сомнеж за тоа дали општината, навистина, нема пари, ако се земе предвид дека градоначалникот изјавува дека токму поради тоа нема да гради училиште, а сепак дава општински пари за јавни набавки што се однесуваат на подготвителни работи за укинување на веќе донесените ДУП, што, пак, е противзаконско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top