| четврток, 6 декември 2018 |

„Водовод и канализација“ – Скопје: За да пиеме чиста и квалитетна вода потребна е соработка со граѓаните

Пиењето чиста и квалитетна вода е приоритет на секој човек на планетава. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е секојдневно ангажирано за скопјани да пијат исклучително чиста и квалитетна вода. Но, како што велат за одржување на овој благодат, потребна е соработка меѓу граѓаните и јавното претпријатие.

– Навременото плаќање на сметките и почитувањето на исклучително чистата вода за пиење водат кон континуирано одржување на водоводната мрежа, инвестирање во водоводната инфраструктура, постојана замена на старите цевководи со нови, замена на старите водомери, воведување на нивно далечинско отчитување, навремено санирање на дефекти, како и намалување на нивниот обем, секојдневна контрола на квалитетот на водата од 36 различни мерни точки, модернизација на Лабораторијата за контрола на квалитетот на водата и тн, велат оттаму и ги повикуваат граѓаните на Скопје навремено да ги плаќаат сметките за вода.

Во „Водовод“ пресметале дека заклучно со денес, износот на ненаплатени редовни побарувања од домаќинствата е 552.827.395,00 денари, додека пак износот за тужени побарувања за домаќинства е 1.153.386.165,50 денари. Вклучувајќи ги побарувањата од стопанството како и ненаплатените редовни и тужени побарувања за смет, вкупниот износ на ненаплатени побарувања изнесува 1.153.386.165,50 денари

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top