
Новиот документарен филм за британската принцеза Дајана открива што се случувало во кралското семејство во текот на неделата во која се подготвувал нејзиниот погреб. Сега е откриено дека принцот Вилијам одбивал да оди зад ковчегот на неговата мајка и дека го убедиле да го направи тоа во последен момент.
Имено, на почетокот криеле од Вилијам и Хари (кои во тоа време имале 15 и 12 години) како загинала нивната мајка. Кралицата ги забранила сите телевизиски и радиски приемници во палатата, за синовите на Дајана да не бидат трауматизирани од вестите за последните моменти од животот на нивната мајка.
Документарецот открива и дека батлерот на принцезата Дајана, Пол Барел, и нејзиниот возач Колин Тебут, биле првите кои го виделе нејзиното тело во имровизираната мртовечница во Париз.
-Лежеше мртва на креветот, а од соседната зграда обожаватели и фотографи се обидуваа да ја фотографираат собата во која се наоѓаше принцезата. Веднаш побарав да ми дадат неколку прекривачи со кои ги покрив прозорците и така оневозможив било кој да ја види. Дебелите прекривачи на прозорците само ја зголемија топлината во собата и затоа уклучивме неколку вентилатори и во еден момент нејзината коса се помрдна, а јас си помислив дека е жива- раскажал Тебут.

Во документарниот филм особено се нагласува дека братот на Дајана, Чарлс Спенсер, инсистирал тој да биде единствениот кој ќе чекори зад нејзиниот ковчег, додека останатите сметале дека покрај него мора да бидат и нејзините синови. На крајот, таа многу непријатна ситуација, ја прекинал принцот Филип кој на сите јасно им порачал: „Момчињата ја изгубија својата мајка, почитувајте го тоа“.
После тоа момчињата се согласиле да одат зад мајчиниот ковчег, заедно со таткото, дедото и чичкото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!


