| четврток, 6 декември 2018 |

20 години се навикнувам на смртта на мајка ми-исповед на принцот Вилјам која ќе ве расплаче

принц

Принцот Вилијам, идниот владетел на Велика Британија, по прв пат зборуваше за мајка му Дајана во емотивно интервју.

Како што рекол, денеска конечно успеал да да се навикне на фактот дека на брутален и трагичен начин  ја изубил најголемата поддршка во животот.

-Ми требаа скоро 20 години да дојдам во оваа животна фаза. И понатаму, од време на време ми е тешко, бидејќи болката по мајка ми всушност не престанува. Поинаку е кога жалите по некој кој сите го знаат, а неа сите ја знаеја-рекол Вилијам.

принц2

-Имаше ситуација кога ми беше потребен нејзин свет. Би сакал да можеше да ја запознае мојата сопруга, би сакал да ги запознае моите деца. Ме растажува фактот дека моите деца никогаш нема да ја запознаат својата баба- рекол Вилијам.

принц3

-Не би можел да ја работам оваа работа без поддршка на семејството. Сакам моите деца да растат во стабилна и здрава средина, а тоа е нешто што го сака и мојата сопруга. Ќе се бориме нашите деца да имаат нормален живот, да живеат како остатокот од светот. Не сакам да живеат изолирано, зад ѕидовите на краласката палата- рекол принцот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top