| четврток, 6 декември 2018 |

Силување во Сарај

Четириесет и четиригодишна жена била силувана од нејзин роднина.

Инцидентот во струмичката полиција вчера го пријавила С.Н. (62) од с.Сарај, Општина Босилово. Според нејзината изјава, пред околу две недели во куќата на нивниот роднина В.И. (47) од истото село, тој над нејзината 44-годишна ќерка насилно извршил обљуба.

Во Јавна здравствена установа Струмица врз оштетената е извршен гинеколошки преглед.

В.И. бил лишен од слобода и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top