ВМРО-ДПМНЕ смета еден ден е недоволен за анализа на владината програма и дека мора да се остави повеќе време за пратениците и јавноста да добијат подобар увид во составот на владата, плановите за работа на идната Влада и главните проекти.
– Што сака да сокрие Зоран Заев во предлог програмата на новата Влада и во предлог листата за нејзини кандидати? е суштинското прашање што се поставува откако е обелоденет шверцерскиот обид на СДС да се даде само еден ден, првпат во историјата на Македонија за анализа и разгледување на предлог програмата и на листата на кандидати за новата Влада, рече попладнево на прес-конференција Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, начинот на кој Заев се обидува да го скрати времето за анализа на програмата што ја нуди и нејзиниот кадровски состав на идната Влада е краен недемократски чин. На пратениците коишто не се дел од собраниското мнозинство, рече тој, не им се остава ниту минимум време за квалитетна подготовка на дискусија за или против новиот состав и новата програма на новата Влада.
– Затоа со овој чин во вода паѓаат најавите за транспарентност и отчетност на СДС и коалиционите партнери од новото собраниско мнозинство. СДС одлучи да го понижи и да го деградира Собранието и само како лицемерие денес можеме да ги слушнеме претходните лажни ветувања на СДС дека Собранието го гледаат како коректив на власта која што треба да биде конструктивен критичар на нејзиното однесување. Од првиот ден СДС покажува недемократски тендеции, рече Милошоски.
Посочи дека ладите и мандатарите и во 2002 и во 2006-та, и во 2008-ма, 2011-та и 2014-та година секогаш давале минимум 12 дена простор и време за јавна дебата за разгледување и анализа на владините програми и предложените кандидати за министри и дека секогаш – не само парламентарната опозиција, туку и јавноста, стручната фела, новинарите и граѓаните ова време го користеле за градење на своите аргументи, за или против за предложените проекти или предложениот состав на новите влади.
– За жал, гледаме дека СДС се откажува од оваа демократска традиција и со тоа покажува дека нема демократски капацитет на првиот тест за СДС за отчетно и транспарентно работење. Заев изгледа дека има многу што да сокрие во новата програма или има многу што да сокрие во персоналниот состав или биографиите на кандидатите за министри во новата Влада, штом нема демократски капацитет на јавноста да и даде повеќе од само еден ден за анализа на новата предлог програма и кандидатите за министри пред изборот на новата Влада. Да се закаже седница за само еден ден, во најмала рака е срамен и недемократски чин кон јавноста и кон Собранието. Кратко и јасно, тоа што сака Заев да го сокрие е дека неговата влада е антиреформска, рече Милошоски на прес-конференцијата.
Во предложената листа на кандидати, како што рече, може да се открие првата голема лага на СДС.
– Во октомври 2015 година Шекеринска јавно говореше и презеде обврска дека бројот на министри во владата на СДС нема да надмине повеќе од 20, а веќе утре имаме предлог за нова Влада кој што брои 26 министри. Толку држат ветувањата на СДС, толку од реформите на оваа антиреформска влада која, за жал, не е подготвена ни за подолг период критика од еден ден дадено време за анализа на проектите и кадровскиот состав, додаде Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колариќ: СДС ги излажа докторите, нема да им ги зголемат платите
-
Кузмановска: СДС ја задолжи Македонија за нови 76.3 милиони евра, 18,5 милиони евра повеќе од најавеното
-
Делев: Мерките кои ги презема Владата на „црната тројка“ Заев, Анѓушев и Тевдовски се антиреформски
-
Владата на СДС безмилосно ја турка државата во долгови, наместо за ветените плати се троши на луксуз