| четврток, 6 декември 2018 |

Причината ќе ве изненади: Зошто Меланија ретко се смее во јавност?

Од моментот кога Доналд Трамп стана претседател на САД, јавноста го следи секој негов потег, но и потегот на неговата сопруга Меланија

Гласините за неволјите во рајот ги подгреа и тоа што Доналд секога ја остава Меланија зад себе, не ја држи за рака и чекори пред неа, а Меланија во неколку наврати возврати со иста мерка. Но, не е само ваквото однесување заслужно за озборувањата, туку и пресериозниот израз на лицето на Меланија. Секогаш сериозната прва дама е една од причините поради кои многумина претпоставуваат дека Меланија е исклучително несреќна.

donald-i-melanija-tramp-1495993884-118495

Сепак, стручњаците за невербална комуникација тврдат дека замрзнатиот и секога ист израз на лицето дава посебно сила, а новинарот на „Вашингтон пост“ отсуствотот на мимики на лицето на првата дама вака го објаснува:

– Тоа што одбива да се насмее е свесна одлука, бидејќи сака да покаже дека има контрола, но и дека се буни. Таа е навистина тука поради вас, но нема да изведува никакви претстави поради тоа – објаснува овој новинар, и заклучува дека камениот израз на лицето на првата дама би можел да се протолкува и како напад на општеството коешто очекува од жените да се смешкаат без оглед на тоа како се чувствуваат во дадениот момент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top