Вкупно 63 мали хидроцентрали се изградени и пуштени во употреба, вработуваат околу 100 лица и имаат значително учество во електроенергетскиот систем на РМ.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при денешниот увид на градежните работи во новата зграда на АД за изградба и стопансување со станбен и деловен простор од значење за РМ во Скопје.
Оцени дека тоа е еден од успешните проекти на Владата досега и додаде дека уште 17 нови мали хидроелектрани се во тек на градба.
– Во делот на малите хидроелектрани можам да кажам дека досега се изградија 63 мали хидроелектрни со можност од 60 мегавати коишто веќе се пуштени во употреба и партиципираат во производството на електрична енергија во Македонија. Други 17 се во тек на градба или се издадени дозволи и треба да почне изградба или во тек е издавање дозвола, градежна лиценца итн. Така што вкупно 63 плус 17, тоа се 80 хидроелектрани – изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.