| четврток, 6 декември 2018 |

Доделени концесии за изградба на две мали хидроелектрани на река Жеровница

хидро

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, и претставник на друштвото „Хидроген енерџи груп“ ДОО Скопје денеска потпишаа договор за концесија за користење вода и изградба на две мали хидроелектрани на реката Жеровница.

Како што информираат од МЖСПП, доделувањето концесии за користење на вода за производство за електрична енергија на оваа локација е во рамките на шестиот тендер за малихидроелектрични централи.

– По завршувањето на евалуацијата и усвојување на Извештајот на Комисијата за спроведување на постапката за доделување концесија, Владата на Република Македонија ја донесе Одлуката за избор на најповолна понуда и за доделување концесија за користење на вода од река Жеровница, со изградба на две хидроелектрични централи во група. Во согласност со оваа одлука избраниот понудувач конзорциумот составен од Фероинвест ДОО Скопје и „Хидроген груп Скопје“ основаше друштво за посебна намена „Хидроген енерџи груп“ ДОО Скопје со кој е склучен договорот за концесија за користење вода и изградба на малите хидроелектрани Жировничка 5 и 6 со вкупна инсталирана моќност од 1239 киловати – соопшти МЖСПП.

Вкупната инвестициска вредност на проектите чини околу 2,5 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top