| четврток, 6 декември 2018 |

Нова експлозија во центарот на Загреб, нема повредени

Во центарот на Загреб, утрово во 2,30 часот одекна уште една ексползија. Според полициските извештаи, нема повредени, ниту материјална штета. Ексползијата се случила на плоштадот Бан Јелачиќ, а експлозивната направа била поставена на северната страна на споменикот. Според неофицијални информации, станува збор за посилно пиротехничко средство.

Ова е трета експлозија во Загреб во последните две недели. Во втората ексползија е повреден 53-годишниот Војислав Блажевиќ, кој воедно е и осомничен за поставување на експлозивните направи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top