Хакерската групација „Анонимните“, заедно со Сириската електронска армија изврши хакерски напад врз сајтот на турската Влада, веројатно како одговор на полициското насилство врз демонстрантите во Турција.
Информацијата за нападот врз интернет-страницата на службата на премиерот беше објавена преку „Твитер“, а денеска „Анонимните“ излегоа со изјава во која велат дека протестите ги кренале на нозе Турците, по долгите години потиснување од страна на силен режим.
– Стравот ја смени страната – турскиот народ не стравува, стравуваат потиснувачите – нагласија „Анонимните“.
Тие тврдат дека со нападот се здобиле со адреси од електронска пошта, кодови и телефонски броеви, кои, сепак, не се објавени. Сириската електронска армија се здобила со повеќе од 60 адреси за електронска пошта и кодови.
Цел на хакерски напад биле и други владини сајтови во Турција. Листата на државните институции, чиишто сајтови биле нападнати е објавена од „Анонимните“ на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ела Памфилова претседателска на руската ЦИК: Имаше хакерски напади од ај-пи адреси од 15 држави
-
Сајтот на МАН повторно во функција: Техничката грешка е отстранета
-
Сајтот на главниот советник на Трамп тргна отворено против Џорџ Сорос и неговите платеници
-
Сними порно филм со жената на својот најдобар другар, а за тоа доби 31 милион долари (Видео)



