| четврток, 6 декември 2018 |

Не сакајќи, Лиле стана пратеник

lile-popovskaПо формирањето на новата влада, во собраниските клупи ќе седнат шест нови пратеници бидејќи влегувајќи во извршната власт, мандатот на шестмина веќе избрани автоматски прекинува.

Стани Лиле за да седне Миле

Вториот и третиот на пратеничката листа во првата изборна единица, чијшто носител беше Стево Пендаровски, ѝ го отворија патот на спорната Лилјана Поповска од ДОМ, сепак, да влезе во новиот парламентарен состав. Дамјан Манчевски и Рената Десковска влегуваат во извршната власт како министри за транспорт и врски, односно за образование и наука, а на нивно место во парламентот влегуваат следните на листата, а тоа се Попоска и Никица Корубин од ЛДП.

За тебе ли мрзневме: Лиле Поповска зелено јаболко на раздорот

Од оваа партија уште пратеник е и Маја Морачанин, која беше на четврто место на пратеничката листа во втората изборна единица, предводена од Оливер Спасовски, така што сега ДОМ ги удвои своите пратеници.

Јас не сакам функција по секоја цена, ниту мислам да ја отстапам: Поповска, сепак, ќе биде кандидат на листите на СДСМ

Трансферот на носителот на листата во втората изборна единица, Оливер Спасовски, во извршанта власт, му ослободи место на Мирослав Јовановиќ.

Носителот на листата во третата ИЕ, Љупчо Николовски, пак, ќе биде министер за земјоделство, а неговото место ќе ѝ припадне на Славица Шуманска – Митева.

И Зоран Заев си заминува, а на негово место во Собранието доаѓа Сашко Атанасов од 4 ИЕ.

На чело на петката беше нов министер за одбрана, Радмила Шекеринска, а нов пратеник од оваа изборна идиница ќе стане Бети Рабаџиевска – Наумовска.

Бидејќи во новата влада нема ресор за носителот на листата во 6 ИЕ Петре Шилегов, од оваа изборна единица не се отвора место за нов пратеник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top