Синоќа, во големата сала на познатото берлинско кино „Бабилон“ со доделувањето на наградите заврши третото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа SEE во Берлин 2017 година.
Интернационалното жири во состав: Манфред Ајхел – филмски критичар од Германија, Нела Луциќ актерка од Рим и Лоран Балаш Имре режисер од Унгарија ги додели следниве награди: Најдобра женска улога – Наташа Дорчиќ од Храватска за улогата во филмот „Ти ме носиш“, најдобра машка улога – Донат Ќосја од Косово за улогата во „Доме сладок доме“, Најдобра режија – Бујар Алимани од Албанија за филмот „Хром“, а за најдобар филм беше прогласен „Убијци на тркала“ од Унгарија.
Покрај ова беад доделени и наградите на интернационалното младинско жири. За најдобар актер и актерка беа прогласени Горан Хајдуковиќ и Лана Бариќ од хрватскиот филм „Ти ме носиш“, најдобра режија – Бујар Алимани за филмот „Хром“, а за најдобар филм беше прогласен „Доме сладок доме“ во косовско –македонска копродукција.
Фестивалот продолжува во Париз, кога на 31 мај ќе започне седмото издание на SEE a Paris 2017.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија