Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да ги обнови мировните преговори со Русија со цел решавање на украинската криза, пишува денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски претставници и странски експерти.
Тие напори ги предводи американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, кој како што пишува весикот, за тоа прашање разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Во тек е интензивен процес на составување нова стратегија и во него исто така е ангажиран и кабинетот на американскиот потпретседател Мајк Пенс, нагласува весникот.
Во почетна фаза идејата на Тилерсон е да се обнови верзијата на мировните преговори, во кои беша ангажирана претходната американска Администација, со надеж дека новите околности и функционери можеби ќе донесат подобри резултати, се наведува во текстот.
Тилерсон додава дека планира и да именува специјален пратеник на Стејт департментот, кој ќе ги предводи новите напори по прашањето за Украина и кој ќе го обнови американско-рускиот дипломатски канал со помошникот на рускиот претседател, Владислав Сурков.
– Меѓутоа сегашниот скандал во врска со истрагата за наводната вмешаност на Русија во американските претседателски избори во 2016 година ќе ги искомпликува работите, заклучува американскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД