
Групата Д во Израел ќе се игра во градот Рамла, а покрај Македонија се уште и селекциите на Германија, Португалија и на Израел.
По неколкудневните подготовки селекторот Горан Јовановиќ се реши за следниве кошаркарки да го носат дресот на Македонија: Моника Гаврилоска, Славица Димовска, Елена Раденковиќ, Криси Гивенс, Александра Иванова, Софија Лазареска, Драгана Јоловиќ, Ива Крстевска, Ивона Пејковска, Ана Тантуровска, Ивана Удовалиева и Анџелика Митрашиновиќ.
Поради повреди откажаа Јелена Антиќ, Едина Муса и Ема Решкоска, а поради школски обврски не можат да настапат Александра Стојановска, Ивана Кметовска и Нена Трајчевска.
Македонија в петок ќе игра со Португалија, в сабота противник ни е домаќинот Израел, а в недела фаворитот во групата, Германија. Според селекторот Јовановиќ, Германија е фаворит во групата поради добрите игри на последното ЕП, Португалија е селекција што има агресивен стил, додека Израел сака да ја искористи организацијата и да го освои првото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


