| четврток, 6 декември 2018 |

Арбен Таравари ќе раководи со Министерството за здравство

arben taravari

Алијансата за Албанците ќе биде дел од новата влада со две министерски места – за здравство и за локална самоуправа, соопшти доцна вечерва лидерот на Алијансата, Зијадин Села.

-Движењето за реформи на ДПА имаше централно претседателство на кое одлучивме да бидеме дел од владата, а не само да и дадеме поддршка. Како Алијанса за Албанците имаме две ресорни министерства. Нам како ДР-ДПА ни следува едно министерство и тоа ќе биде за здравство, со кое ќе раководи Арбен Таравари. Второто, за локална самоуправа ќе го добијат НДП, кои ќе треба да информираат за името, рече Села по состанокот и нагласи дека ДР-ДПА не размислува за учество во владата само преку министрите, туку дека ќе бидат за длабоки и вистински реформи за да се врати надежта во општеството за сите граѓани.

На новинарско прашање што мисли за стабилноста на владата со само 62 пратеници без учеството на Беса, Села рече дека на 15 октомври ќе има локални избори, но не и парламентарни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top