Според неофицијални информации на предлог на Зоран Заев на Централниот комитет на СДС, на седницата која е во тек, ќе ги избере Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Драган Тевдовски, Никола Димитров, Рената Десковска, Љупчо Николовски, Мила Царовска, Роберт Алаѓозовски, Дамјан Манчевски и Горан Сугарев.
Ако се официјализираат овие имиња и во новата влада министерското место во Министерството за култура треба да му припадне на Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на партијата, сопруг на новинарката Билјана Ставрова (Алаѓозовска) од „независната“ телевизија „Телма“.
Сигурни сме дека и откако „Телма“ ќе ја добие првата госпоѓа министерка во својот новинарски тим, ќе продолжи незвисно и непристрасно да информира и поодговорно да го корсти синиот телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.