Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека неговото, повеќе од цврсто, ракување со американскиот претседател Доналд Трамп, на маргините на Самитот на НАТО, претставувало „момент на вистината“, со кое сакал да покаже дека не е „лесен залак“.
– Моето ракување со него не беше наивно. Морате да покажете дека нема да правите ни мали отстапки, дури ни симболични, но ниту премногу да привлекувате медиумско внимание, изјави макрон за француски „Журнал де диманш“.
На првата средба во четвртокот, пред самитот на НАТО, Трамп и Макрон толку многу ги стиснаа рацете еден на друг што кожата почна да им побелува, а на обајцата, како што забележаа медиумите, вилиците им беа цврсто стегнати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.