Подготвени сме на Одлучна и неселективна борба против корупцијата преку сузбивање на организираниот криминал – стоеше во предизборната програма на социјалдемократите.
Тие посочуваа дека „новата Влада ќе направи се што е во нејзина надлежност да овозможи институционално и целосно заокружување на случаите што ги води Специјалното јавно обвинителство, наместо политички да се пресметува со независните институции. Новата Влада ќе преземе обврска дека овие процеси ќе завршат со враќање на парите кај граѓаните, наместо досегашниот постојан грабеж на граѓаните“.
Рекоа и порекоа, уште пред да успеат да формираат Влада. Се чини сами си ја докажуваат селективната, како што милуваат да речат, борба против криминалот.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по завршувањето на состанокот на Централното претседателство во Мала Речица ги потврди имињата на новите министри во коалициската влада со Алијансата на Албанците и СДСМ, за која како што вели треба да биде официјализирана во понеделник, пренесуваат порталите на албански јазик.
-Благодарение на конструктивната дискусија ДУИ едногласно излезе со одлука за министерските места во идната влада. Заменик-премиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика, вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи, министер за животна средина Садула Дураку, министер за економија Булент Салиу, Крешник Бектеши и Рамиз Мерко како министер без ресор, изјавил Ахмети.
Се поставува прашањето како Заев го прифаќа Бујар Османи во Влада. Една од причините, на пример, е пресот на социјалдемократите од февруари 2010 година кога обвинија за криминален тендер со вишок од 28 милиони евра, во кој бил вмешан токму нивниот иден министер Османи.
-Јавноста ги памети прес конференции на Бујар Османи кога јалово се обидуваше да одбрани една друга криминална јавна набавка во неговиот ресор, вакцините. Тој повторно заедно со Груевски со народни пари набави вакцини по убедливо најскапа цена. Во Македонија вакцините беа платени по 9,3 евра, додека за истите вакцини Мексико, Шведска или Велика Британија платија 5,6 евра или 4,5 евра помалку. Се разбира сеуште немаме одговор во чии џебови заврши разликата од 2 до 4 милиони евра. Кога веќе упорно говори за некаква “разлика помеѓу Мерцедес и Фиќо“, го повикуваме Бујар Османи заедно со неговиот бизнис шеф Никола Груевски јавно да им одговорат на граѓаните зошто производителите на медицинската опрема “General Electrics“ и “Siemens“ како директни понудувачи се повлекле од тендерот и заради тоа медицинската опрема ја плаќаме за 60 до 100 % поскапо и ја набавуваме од трговската фирма посредник “Simed Internacional“.
Сега Заев ќе има министер во своите редови кој според него е криминалец… Ќе го гони ли Заев својот министер за наводните 28 милиони евра. Што стори Зоки со своите ветувања?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Бујар Османи: Немам што да кријам, очекувам што е можно побрза и поефикасна истрага