| четврток, 6 декември 2018 |

Отишле да се забавуваат, а едвај спасиле жива глава-хорор во Охрид!

пол

Во 4 часот утринава 26-годишниот В.О. пријавил дека околу 01 часот и 45 минути  тој заедно со неговите другари Ж.М. и Н.П. сите од Струга дошле во кафе бар во Охрид, а таму им се случил хорор. Според пријавата, во кафе барот му пришол А.А. од Охрид со кого се познавал и побарал да излезе надвор, а во еден момент физички го нападнал и го удрил со тупаница во пределот на стомакот. Во тој момент неговите другари го отргнале, но А.А. физички го нападнал Н.П. удирајќи го со тупаници.

Од страна на обезбедувањето на објектот сите лица биле остранети надвор, но А.А. заедно со уште неколку други лица почнале да ги бркаат кон возилото и со камења почнале да фрлаат оштетувајќи го истото.

В.О. со возилото се упатил кон полицијата во Охрид за да го пријави настанот, но бил следен од возило кое го пресретнало и од истото излегле А.А., Ф.Т. и уште две засега непознати лица и повторно почнале да фрлаат со камења при што му го оштетиле возилото.

Откако биле забележани од страна на полицаец истите се дале во бегство.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top