Меланија Трамп и Брижит Макрон беа дел од уважените гости на свечената вечера на првите дами и кралицата која е одржана во дворецот Ројал во Брисел, но тие две пленија најмногу внимание.
Американската прва дама веќе некое време посебно внимание привлекува со своите модни избори, поради што многумина ја споредуваат со Џеки Кенеди. За оваа прилика Меланија облекла елегантен црн фустан од чипка до пола листови, кој го спарила со црни сандали со отворени прсти.
Иако од славната Словенка е постара дури 17 години, Брижит Макрон се решила за поодважен крој кој ги нагласил нејзините нозе. Поточно француската прва дама одбрала мал црн фустан од Луј Витон кој го искомбинирала со соодветни чевли и ташничка.
Гледајќи ја групната фотографија на првите дами и кралицата од свечената вечера во Брисел, многмина се запрашаа која е помлада во модните игри, Брижит или Меланија?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Критики и неверување: Првата дама на САД потрошила 174 илјади долари за 12 часа
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)
-
Брижит Макрон со шампањ во Версај ги пречека сопругите на светските лидери (галерија)