Од невербалната комуникација на Меланија Трамп многу нешта можат да се заклучат. Како пример може да се земе последното патување на кое тргна со сопругот Доналд.
Магазинот Форчун потсетува дека таа два пати одби да му даде рака на сопругот, наведувајќи дека тоа можеби го сторила бидејќи сакала да се однесува во склад со приликите во кои се наоѓала или поради тоа што не сакала да има ништо со него.
Ако се занемарат тие два инцидента, Меланија во неколку наврата изгледала како да и е доста од се, без оглед дали се наоѓаат во Саудиска Арабија, Израел или Рим. Поради тоа е во целосна спротивност на сите досегашни први дами кои секогаш чекореле до своите сопрузи со постојана насмевка на лицето.
-Без оглед што мислите за нејзиниот сопруг, постои одредена сила во нејзиното камено лице во приликите кога и е зададено како треба да се однесува-пишува Фирчун.
Причините за тоа се обидел да ги даде Робин Гивхан од Вашингтон Пост.
-Таа е жена која некогаш била манекенка и ги совладала сите вештини на невербална комуникација, а фактот дека не сака да се смее се чини помалку случајна, а повеќе свесно искажување на контролата над себе и побуна против општеството кое се уште бара жената да не ја покажува емоционалната состојба, туку постојано да се смее. Меланија покажува дека е тука поради вас, но и дека нема да изведува претстава за вас- тврди тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Критики и неверување: Првата дама на САД потрошила 174 илјади долари за 12 часа
-
Судот ја блокираше мерката на Трамп за забрана на барање за азил
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)