| четврток, 6 декември 2018 |

Достапни и за нас: Ова се 10. најпопуларни летни дестинации

Според податоците на „Трип адвајзор“, Бали и Ибица се најпопуларни дестинации за одмор оваа година.

Популарниот сајт ги подели дестинациите во две групи, поблиски и подалечни.

Меѓу топ десет најпопуларни поблиски дестинации се: Ибица, Крит, Мајорка, Санторини, Кипар, Малта, Барселона, Бенидорм, Мадеира и Гран Канарија.

Кога станува збор за најпопуларни поодалечени дестинации тоа се: Бали, Орландо, Лас Вегас, Малдиви, Њујорк, Бангкок, Дубаи, Маракеш, Пукет и Барбадос.

Бали е индонезиски остров познат по пошумените вулкански планини, песочните плажи и корални гребени. На него се ноаѓаат голем број храмови и други културни знаменитости. Исто така е познат е по јогата и лековитите третмани.

Ибица е вистинска „кралица на ноќта“, идеална за оние кои сакат да се забавуваат на песочните плажи до раните утрински часови. Островот се наоѓа меѓу Барселона и Алжир, а има фантастични плажи, зелени пространства, а нуди и голем број активности и вкусна храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top