Брианецот Дејв Литл за време на едно ноќно излегување на популарната Ибица во Шпанија, направил “пијана грашка” и потрошил цели 28 илјади фунти, околу 33 000 евра, кога преку интернет купил автобус.
Тој во алкохолизирана состојба сакал преку својот телефон, онлајн да купи автобуска карта од само неколку евра, но наместо тоа купил цел автобус. Утрото кога се разбудил, забележал дека на неговата кредитна картичка недостасува огомен износ.
– Уште не можам да поверувам што направив. Ибица ми го уништи животот. За една секунда, отиде целата моја заштеда, напишал тој на социјалните мрежи.
Логично, тој веќе бара куппец за неговиот авотобус. Овој статус на Фејсбук за кратко собрал 42.000 лајкови, а дури 5 000 корисници го споделелие неговото признание за скапата грешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.