Koга легнавме да спиеме тој почна да ме гушка и бакнува, а потоа се обиде и да ме силува, но не успеа бидејќи силно ги стегав мускулите на задникот. Ова е обвинението за силување кое деновиве се разгледува во судот во Загреб, пренесува 24sata.hr. Стјепан Б. го обвинува Амир Ч. за обид за силување.
– На лечењето од зависност од комар и алкохол го запознав Стјепан. Му реков дека кога ќе излезам нема да имам каде да спијам, па тој ми понуди да живеам кај него, бидејќи ќе можам да му помогнам околу дрвата за огрев – ја почнува својата одбрана пред судот Амир.
Откако и двајцата излегле од лекувањето, на 11 октомври минатата година, прославиле со алкохол во куќата на Стјепан во околината на Загреб, каде имало само еден кревет.
– Легна до мене, на што му реков дека нема заедно да спиеме и дека не сум геј и го исфрлив од креветот – тврди Амир, додавајќи дека во тој момент неговиот домаќин зел голем ловечки нож и тргнал кон него.
– Се преплашив. Станав и бегав околу масата додека не успеав да му го земам ножот. Признавам дека во паниката го истепав – вели обвинетиот.
Тој додава дека тогаш Стјепан станал, се измил, дошол при себе и повторно легнал во креветот, но веќе не го допирал.
– Не знам зошто измисли дека сум се обидел да го силувам, бидејќи јас сакам жени, а не мажи. Стјепан е неуреден и сигурно не ми се допаѓа – се бранел Амир.
На прашањето на обвинителот зошто не го напуштил креветот кога видел дека домаќинот сака да спие во него, Амир одговорил дека кога веќе го викнал дома, требало да му обезбеди и кревет.
Во неговото обвинение Стјепан вели дека кога легнал да спие, Амир бил тој кој се обидел да го силува, но не успеал бидејќи силно ги стегал мускулите на задникот. Потоа, како што се наведува во обвинението, Амир го терал на орален секс, но затоа што Стјепан одбил, го фрлил на подот, го удирал со нога и му скршил три ребра.
Соседите го опишуваат Стјепан како алкохоличар со кој не се добри односи, кој вербално е агресивен и пцуе кога оди по улица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.