Еден од терените на славниот тениски турнир Вимблдон, се запали на неколку недели пред почетокот ова лето.
Медиумите објавија дека избил пожар на еден од терените на прочуениот „All England Lawn Tennis“, каде што се игра престижниот турнир, а според извештаите од Лондон, пожарот бил локализиран и изгаснат до 12 часот напладне.
Во гасењето на пожарот биле ангажирани четири пожарни автомобили, кои брзо реагирале и спречиле понатамошно ширење на оганот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.