Новата административна зграда на АД ЕЛЕМ е 99 отсто готова, а се очекува завршување на работите и вселувањето да биде кон крајот на идниот месец. Во новата зграда ќе бидат сместени ЕЛЕМ, ЕЛЕМ Турс и ХЕЦ „Треска“.
Ова беше речено при денешниот увид на градежните работи од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и директорот на компанијата, Христијан Мицковски.
Зградата ќе биде на површина од 10.000 квадратни метри, а ќе биде на 8 ката и три подземни нивоа, односно подземен паркинг-простор за околу 200 возила.
Новите и поголеми простории се од огромно значење за компанијата бидејќи ќе го подобрат квалитетот на работењето, но и ќе се заштедат пари бидејќи досега за кирии се давале илјадници евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски