Вчера околу 11.50 часот во Ресен, на ул. „Корчуланска“ се случила сообраќајна незгода во која В.П. (45) од Поградец,Албанија, управувајќи со товарно моторно возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал покрај коловозот.
Од незгодата била предизвикана само материјална штета. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Ресен. Од извршено алкотестирање констатирано е присуство на алкохол во крвта од 2,95 промили кај возачот В.П..
Основниот суд во Ресен донесе пресуда со која лицето е обврзано да плати глоба од 50 евра во денарска противвредност и судски трошоци, а воедно му е изречена забрана за управување со возило од „СЕ“ категорија на територијата на Република Македонија во траење од три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.